јануари 26, 2018

Загреб, 26. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Претприемачите во дејноста коцкање и обложување во Хрватска во 2016 година остварија околу 2,7 милијарди куни приход, најмногу во изминатите 16 години.

Со околу 500 милиони куни предничи Хрватска лотарија, покажуваат податоците на финансиската агенција Фина.

Во споредба со 2001 година, кога вкупните приходи изнесуваа 663,7 милиони куни, во 2016 со 2,67 милијарди куни е остварен скок од 301,6 отсто. Од друга страна, пак, во 2016 година во дејноста коцкање и обложување забележан е најмал број правни и физички лица, 68, а за споредба, најмногу имаше во 2008 година, 99.

Во 2008 година имаше и најмногу вработени во оваа дејност – 7.664, додека во 2016 година тој број изнесуваше 6.060. Најголемата нето добивка во периодот од 2001 до 2016 година остварена е во 2014 година, 398,6 милиони куни, додека во 2016 изнесуваше 302,4 милиони куни. (Крај)

извор: Нова Македонија фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука