декември 6, 2017

Охрид, 6. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поради продолжениот викенд, вообичаениот петочен afterwork во бистро Корнер, оваа недела ќе се случи во четврток, на седми декември,  инфомираат од бистро Корнер.

Забавата започнува во 17:00 часот, а за неа овој пат ќе се погрижат „Balkan Jam“. Од бистро Корнер најавија и новина, после секоја афтерворк со свирка во живо, забавата ќе продолжи со сет на ДЈ Крејзи Славе.

Овој пат за присутните ќе има промоција на Jack Daniels со специјална промо афтерворк цена од 130 денари.

– Бидете дел од најубавите забави во градот, порачуваат од бистро Корнер. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука