февруари 11, 2015

Лондон, 11. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Англиските фудбалски екипи во иднина ќе можат да си дозволат да потрошат повеќе пари на засилувања, бидејќи ТВ правата за пренос на мечевите во периодот 2016-2019 се откупени за 5,13 милијарди фунти.

На крајот од сезоната, во зависност од пласманот секој клуб ќе добие најмалку по 99 милиони фунти, додека освојувачот на титулата ќе инкасира 156 милиони фунти.

Оваа рекордна сума за пренос на натпреварите ja платија досегашните сопственици на правата, Sky Sports и British Telecom.(Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука