јануари 29, 2015

Мелбурн, 29. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Американската тенисерка Серена Вилијамс ја победи 19-годишната Медисон Киз со 7-6 и 6-2 во второто синоќешно полуфинале и оствари пласман во финалето на Australian open.

Серена за својата 19-та грен слем титула, а шеста во Мелбурн, ќе игра против русинката Марија Шарапова, која синоќа во првото полуфинале ја демолира својата сонародничка Екатерина Макарова со 6-3, 6-2.

Шарапова има негативен резилтата во дуелите против Серена , а овие две тенисерки играа во финалето на Australian open во 2007 година,кога победи американката со 6-1, 6-2.(Крај)

извор: Спорт ТА фото:архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука