Галеб АД Охрид: Цените на релацијата Охрид-Скопје последен пат се сменати пред повеќе од една година

Охрид, 15. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Од компанијата Галеб АД Охрид излегоа со реакција до јавноста, откако во повеќе медиуми денеска беше објавено дека дошло до драстично поскапување на возниот билет на релација Охрид-Скопје.

– Денес во многу електронски медиуми се појави неточна информација дека дошло до драстично поскапување на возниот билет на релација Охрид-Скопје. Информацијата е произлезена од лоша интерпретација на денешната изјава на сопственикот на Автобуската станица „Руле Турс“ – Скопје господинот Масар Омерагиќ за повеќе медиуми. Вистината е дека Галеб АД Охрид, цените на посочената релација последен пат ги менувал на 20-ти јануари 2021 година, односно пред повеќе од една година, реагираат од охридскиот превозник.

May be an image of text that says 'Thed Aд охрид автобуска станица охрид известуваье почитувани Be известуваме дека ги корегиравме цените на возните оилети на релација охрид-скопје-охрид при што новите цени ce следните: билет во еден правец изнесува повратен билет изнесува 650 ден. 900 ден. дата дата:20.01.2021 20.01.2021 "галеб" ад охрид еепат.сообракај раководител талеб" василески димитар'

Додаваат дека како компанија која негува коректни односи со медиумите, искрено се надеваат дека станува збор за недоразбирање, а не за лоша намера. (Крај)

извор: Галеб АД Охрид фото: архива

scroll to top