јули 19, 2023

Охрид, 19. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Проректорката за меѓународна соработка на УИНТ „Св. Апостол Павле“, Проф. д-р Устијана Речкоска- Шикоска, беше домаќин на Високата претставничка,  Ана Лирман, Министерка за Европа и клима на Сојузна Република Германија, во соработка со Зоран Мартиновски, Претседател на менаџмент консултантската компанија „PrimePoint Partners“ и Давид Оберхугер, директор на Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ), како и претставници од неколку стејкхолдери.

– Министерката Лирман го посети Универзитетот за информатички науки и технологии во Охрид и просториите на Ohrid Blue Economy Accelerator во рамките на Универзитетот, при што се разговарани интересни теми околу меѓународната соработка, потенцијалните инвестиции и заеднички проектни активности, информираат од УИНТ „Св. Апостол Павле“ во Охрид, од каде покрај образовната, едукативна и научно-истражувачката работа, активно продолжуваат да ја развиваат својата проектна дејност и меѓународна соработка со клучни институции од Охрид, државата, регионот, како и во светски рамки. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука