Охрид, 13. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охридските ракометари прокнижија уште една победа на домашен терен.
Синоќа во „Билјанини извори“, во рамки на осмото коло од Супер лигата го совладаа Прилеп со 30-28, на полувреме 16-13. Со оваа победа, севкупно петта во сезонава, „гладијаторите“ се искачија на втората позиција на табелата со 16 бодови.
Следниот натпревар ќе го играат во гости кај лидерот на табелата, битолски Пелистер. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес