февруари 14, 2020

Охрид, 14. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Пораст на бројот на странски туристи во Охрид за 12,5%, а кај домашните пораст од околу 3%.

Вакви се предвидувањата за оваа година содржани во „Анализата на економски импакт на туризмот“ во економијата на општина Охрид, што на барање на општина Охрид ја изработија професорите од ФТУ, д-р Александар Трајков, д-р Науме Мариноски и д-р Цветко Андреески.

Растот на бројот на гости и приходи по основ на туризмот последниве години се евидентни, но сепак приходите од туризам што се генерираат во Охрид се околу 1,4% од БДП на Македонија, што е поразително, имајќи го во предвид потенцијалот што го има туризмот, како стопанска дејност со најголем коефициент на мултипликација.

Стручњаците од областа на туризмот сметаат дека субвенции треба да има и за домашните туристи и да се зголеми уште повеќе бројот на авио летови кои доаѓаат кон Охрид, бидејќи е забележана многу висока позитивна корелација меѓу бројот на пристигнати патници на охридскиот аеродром и бројот на регистрирани туристи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука