мај 23, 2017

Струга, 23. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Десеттиот по ред јубилеен годишен концерт на учениците од Средното музичко училиште „Тодор Скалоски – Тетоец“ од Струга, ќе се одржи на 25 мај, со почеток во 19:00 часот во големата сала на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“.

На концертот ќе настапат најдобрите ученици од инструменталниот оддел и на тој начин се одбележуваат 10 години од формирањето на музичкото училиште во Струга.

Влезот за концертот е слободен. (Крај)

извор: Strugaonline фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука