јануари 17, 2017

Охрид/Скопје/Битола, 17. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Како и минатата година, така и оваа, Охрид, заедно со градовите Скопје и Битола, повторно ќе биде вклучен во Global Game Jam – најголемиот интернационален настан за креирање и правење на игри.

Овој натпревар се одржува еднаш годишно, истовремено на голем број локации низ целиот свет во вид на 48-часовен маратон. Годинава ќе се одржува од 20-ти до 22-ри јануари.

Можат да учествуваат сите кои креираат или имаат желба да креираат игри.

Oрганизиратор е Македонската асоцијација за развивање на игри – МАГДА. Во изминатите три години на овој натпевар во Македонија се сретнаа скоро 800 учесници – средношколци, студенти и професионалци од различни сфери.

Global Game Jam во Скопје и Битола го организира МАГДА (Македонска Асоцијација за развивање на игри), а оваа година ќе се одржи во просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во Скопје и Совет на Општина Битола во Битола. Во Охрид ќе се одржи на Универзитетот за информатички технологии и науки „Свети Апостол Павле“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука