октомври 23, 2014

Љубљана, 23. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Во главниот град на Словенија, Љубљана, поплавени се 900 згради по поројните дождови и излевањето на реките.

Припадници на Армијата на Словенија и противпожарна служба го опкружија главниот град и ги блокираа сите пристапни патишта.

Исто така поплавени се станбени и комерцијални објекти, а армијата помага во чистење и отстранување на уништените предмети и материјали. Ситуацијата е слична и во другите делови на Словенија, каде дел од населението остана без електрична енергија.

Според првичните проценки, штетата е огромна. (Крај)

извор: Бета фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука