Раул Гонзалес е најдобриот тренер на светот за 2017 година

Загреб, 15. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – По голманот Арпад Штербик уште една престижна награда завршува во рацете на член на Вардар и тоа кај преводникот на четата, господинот Раул Гонзалес.

Имено Гонзалес е избран за најдобар тренер на светот во изборот на специјализираниот портал „Хендбол планет“. Шпанскиот стратег дојде до оваа награда убедливо и тоа откако ја одбие поддршката од стручното жири и навивачите ширум светот.

Тој како првопалсиран доби 139 гласови, додека второпласираниот Кристијан Берге имаше 36 по што следуваа Јакобсен, Динар и Вујовиќ. Со ова Раул дојде во одбрано друшто на Дагур Сигурдсон, Алфред Гисласон, Љубомир Врањеш и Клод Онеста кои досега беа најдобри во изборот на „Хендбол планет“.

Само да потсетиме, Гонзалес со Вардар освои се во 2017 година, а во прв план паѓа секако Лигата на шампионите. Плус тој ја одведе нашата селекција на ЕП во Хрватска. (Крај)

извор: Дерби.мк фото: архива

scroll to top