јануари 10, 2017

Охрид/Струга, 10. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид, полициската станица Струга поднесе кривична пријава против 23-годишниот Џ.И. од гостиварското село Дебреште поради постоење основано сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“.

Првото кривично дело пријавениот го извршил на 26-ти минатиот месец во деловната просторија сервис за мобилни телефони „Мобител“ во склоп на ДООЕЛ „Прима“. Објектот е лоциран во градскиот безистен во Струга, а е во сопственост на лицето И.Ќ. од струшко Октиси.

Пријавениот од излогот одзел повеќе мобилни телефони.

Додека второто кривично дело го извршил следниот ден, на 27-ми декември 2016 година и тоа во менувачница „КЕ-МЕ“ лоцирана на ул. „Ѓорѓи Ѓоргон“ во Струга во сопственост на стружанецот М.М. Овојпат пријавениот одзел 50 швајцарски франци и метален сеф во кој имало метални монети денари и евра, со што е причинета материјална штета од 70.000 денари. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука