Градоначаликот Стојаноски оствари посета на Котор и Будва

Охрид, 24. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски, деновиве учествуваше на свеченостите по повод одбележувањето на ослободувањето од фашистичкиот окупатор на црногорските градови Котор и Будва.

Во рамките на посетата Стојаноски остварил официјални средби со првите луѓе на овие општини, Владимир Јокиќ и Драган Краповиќ, на кои се разговараше за унапредување на меѓусебната соработка.

Budva 2Соработката се темели на потпишаните документи за збратимување со Будва, од 1984 година и протоколот за соработка со Котор, потпишан во септември оваа година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Општина Охрид

scroll to top