Градоначалникот потпиша Декларација за отвореност, отчетност и транспарентност на Локалната самоуправа

Охрид, 13. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Охрид, д-р Јован Стојаноски ја потпиша Декларацијата за отвореност, отчетност и транспарентност на локалната самоуправа.

Приклучувајќи се кон одбележувањето на 9-ти декември – Меѓународниот ден за борба против корупција, претставниците на локалната самоуправа се обврзаа кон недвосмислено почитување на принципите на транспарентност, достапност, интегритет, ефективност, континуирано унапредување и подобрување на стандардите и условите за отворено, отчетно и транспарентно работење.

Декларација за отвореност, отчетност и транспарентност на Локалната самоуправа

Декларацијата ја иницира невладината организација „Метаморфозис“, а ја потпишаа триесет градоначалници од Република Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

scroll to top