септември 10, 2017

Струга, 10. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Зијадин Села, претседател на ДПА-ДР, повторно ќе се кандидира за градоначалник на општина Струга.

Тој ќе се откаже од пратеничкото место доколку успее да победи на претстојните локални избори со што ќе има многу куса кариера во македонското Собрание барем гледано според овој мандат, јави порталот фактор.мк.

Посакуваниот трансфер од законодавната во локалната власт Села го прави со цел да обезбеди поголем број на градоначалнички мандати за ДПА-ДР која е дел од пошироката коалиција на партии Алијанса за Албанците.

Претходно и министерот за здравство Арбен Таравари реши да се повлече од неодамна стекнатата функција во извршната власт за да и помогне на партијата на локалните избори во Гостивар каде ќе бара градоначалнички мандат.(Крај)

извор: фактор.мк фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука