февруари 22, 2022

Охрид, 22. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Преку допис до редакцијата на OhridPress, граѓаните кои живеат на потегот кај влезот во селото Велгошти, апелираат до одговорните на редовно чистење на реката Сушица.

– Позади отпадот, на патот кон Велгошти, оваа река е Сушица директно се влева во Охридско Езеро. Сликата е од задната страна на отпадот, ама од секој поглед е хаос околу отпадот, расфрлани ѓубриња, при секој ветар се полни и реката и улицата со смет, железа паѓаат од камионите, крајно небезбедно за живеење, стои во дописот.

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука