Абу Даби, 13. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Гремио е првиот финалист на клупскиот мундијал откако бразилскиот клуб во полуфиналето славеше над Пачука од Мексико со 1-0, и тоа по продолженија од два пати по 15 минути.
По неинтересните 90 минути победникот беше решен во првото продолжение, кога Евертон одлично се снајде по еден аут од левата страна и со прецизен удар го матираше мексиканскиот голман. Пачука до крајот остана и со фудбалер помалку по исклучувањето на Гузман во 110. минута.
Гремио во финалето ќе се сретне со подобриот од денешната втора полуфинална пресметка меѓу Реал Мадрид и Аз Џазира. (Крај)
извор: Екипа.мк фото: архива