октомври 9, 2019

Охрид, 9. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Група ученици од охридската Гимназија годинава беа дел од Фестивал на гроздоберот во Унгарија, кој се одржува на почетокот на октомври секоја година.

Дел од овој своевиден култ кон виното беа учениците: Дамјан Митрески, Михаил Дуданов, Михаил Симоновски, Михаил Китрозоски и Михаел Илијоски, заедно со координаторот на Ерасмус+ проектот „Обединети во различноста – УНЕСКО регионално наследство“, психолог Алберта Гулицовска и проф. Александра Томоска. Во текот на изминатата недела тие ги презентираа 17-те цели за одржлив развој на УНЕСКО, беа дел од кулинарско шоу, прошетаа по лозовите насади, винарија, ги посетија винските визби каде имаа можност за дегустација на неколку различни типови на вино, а беа и на винската пaрада заедно со учесниците на Италија, Чешка и домаќинот Унгарија.

Image may contain: 1 person, standing, sky, outdoor and nature

Image may contain: 2 people, people smiling, people standing, outdoor and nature

Image may contain: 3 people, people standing, tree, outdoor and nature

Image may contain: 11 people, people smiling, people standing, mountain, sky, outdoor and nature

– Се оствари посета и на Агтелек пештерата долж границата на Унгарија со Словачка, која се состои од вкупно 712 пештери. Се работи за најдолгата пештера на сталактити на светот во должина од 28 км, која е под заштита на УНЕСКО од причина што настанала поради ретка комбинација на климатски влијанија на тропската клима и движења на глечерите па овозможува преглед на геолошката историја на Земјата во последните 10 милиони години. Во 1887 година станала прва пештера осветлена со електрична енергија, а на учесниците на Ерасмус+ проектот им приредија и мултимедијален спектакл на светлина и звуци кој се користи и во текот на венчавките кои тука се одвиваат. Поради летот до и од Будимпешта, останатото време учениците го поминаа во прекрасната унгарска престолнина. Ерасмус+ искуствата се драгоцени бидејќи овозможуваат видување на работите од друга перспектива, мешање со други култури, нова перцепција и ширење на светогледите на младите, порачуваат од охридската Гимназија.

Image may contain: 1 person, smiling, outdoor

Image may contain: 2 people, people standing

Image may contain: 2 people, people sitting, table and indoor

Image may contain: house, sky and outdoor

Image may contain: 7 people, people smiling, people standing, shoes and outdoor

Image may contain: 5 people, people smiling, people standing and outdoor

Слатките десертни вина од регионот Токај во Унгарија се препознатлив белег на овој крај каде во далечно минато постоеле вулкани, дури и море, со оглед на присуството на школки во почвата, остатоци на Панонското море и уште постарото море Паратетис од времето на Миоцен. Климата се менувала, и го обликувала карактерот на ова племенито вино со вековна традиција, околу кое се врти практично се` за домаќините на охридските гимназијалци во Токај. Спомнато дури и во унгарската химна, виното се слави на сите можни начини, па неодамна е изграден и тематски вински музеј, кој иако е лоциран во стара историска градба, располага со најсовремена техничка опрема и е интерактивен па посетителите можат да го истражуваат одејќи, возејќи велосипед или кола без да излезат надвор. Иако се презентирани и другите заштитени вински региони на Европа, вината на Токај се сепак во фокусот: посетителите имаат можност да научат се за нив, како и за различните традиции и активности поврзани со винската култура. Лоциран на падините на Земпленски брда, долж реките Бодрог и Тиса, винскиот регион Токај е впишан на Унесковата листа во 2002 година како уникатан културен пејсаж кој се обликувал во единствен идентитет и разноликоста на ова подрачје. Во оваа вулканска област во североисточна Унгарија виното се прави со помош на посебна мувла и габички, што служат за концентрација на шеќер. Така, фурминтот, маслашот и особено прочуеното асу, биле омилени вина на славните личности како Бетовен, Луј IV, познат како „Крал на Сонцето“ и други. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука