јануари 20, 2017

Белград, 20. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Според пишувањето на дел од српските медиуми младинскиот репрезентативец на Македонија ,Давид Бабунски својата кариера ќе ја продолжи во јапонскиот суперлигаш Јокохама.

Според информации на медиумите кои доаѓаат од извори блиски на Црвена Звезда, Давид Бабунски веќе се договорил со Јокохама Маринос.

Бабунски од Црвена Звезда заминува како слободен играч ,откако во есенскиот дел во од првенството не ја доби посакувана минутажа во дресот на црвено-белите. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука