јануари 19, 2017

Мадрид, 19. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – На Зинедин Зидан не му оди најдобро деновиве,беше поразен два пати за неколку дена ,а во наредните триесетина дена ќе биде и без услугите на десниот бек Дани Карвахал.

Тој се повредил на тренинг во вторникот, а по деталните лекарски испитувања било утврдено дека Карвахал заработил повреда на бутниот мускул и ќе мора да паузира од три до четири седмици.

Тој би можел да пропушти вкупно десет мечеви за Реал Мадрид, меѓу кои и првиот осминафинален дуел од Лигата на шампионите против Наполи, кој ќе се одигра на 15.февруари. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука