јануари 18, 2017

Охрид, 18. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Синоќа во Охрид имало нарушување на јавниот ред и мир, предизвикано од повеќе лица кои се движеле на бул.„Туристичка“.

Полициски службеници ги затекнале лицата: У.И. (18) и У.И. (44). Додека У.И. Се движел со возило по бул.„Туристичка“, бил сопрен од три непознати лица. Откако застанал лицата почнале да викаат и да удираат по возилото, при што го оштетиле предниот браник и го скршиле задното десно стоп светло. У.И. се исплашил и заминал, по што телефонски му кажал на неговиот татко. За кратко време кога поминал покрај кај кафе бар го забележал неговиот татко паднат на земја, а истите лица го удирале со дрвена летва и железна шипка. Кога У.И. Се обидел да му помогне, лицата физички го нападнале и него, по што побегнале.

На двете лица им била укажана лекарска помош.

Од ОКТ при СВР Охрид извршен бил увид на местото на настанот и подигнати биле предмети за понатамошна постапка. Охридската полиција презема мерки за целосно расчистување на случајот. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука