август 15, 2024

Охрид, 15. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во насока на збогатување на туристичката понуда со квалитетни настани и манифестации, од минатата година започна манифестацијата Ohrid Jazz Festival, кој се реализира во организација на Општина Охрид.

Фестивалот ќе се одржи два дена и тоа на 33-ти и 24-ти август 2024 година. Првиот ден, во петок, на 23-ти август ќе настапат Драган и Ратко Даутовски со проектот „Звукот на исконот“, а во сабота, на 24-ти август е предвиден настапот на Наташа Миха Трио со Наташа Миха (вокал) и Дамир Имери на пијано и Иван Бејков на бас.

Ohrid Jazz Festival ќе се одржи во предворјето на црквата „Св. Софија“ со почеток во 20:30 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука