Рим, 29. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Даниеле де Роси е казнет со два натпревари неиграње по црвениот картон што капитенот на Рома го заработи на дуелот со Џенова.
„Волчицата“ водеше со 0-1 во 69. минута, кога Де Роси апсолутно непотребно и неочекувано го удри противничкиот фудбалер, Џанлука Лападула, по лицето, по што му беше покажан патот кон соблекувалните.
Дисциплинската комисија го оцени инцидентот како „неспортско однесување“ и му изрече суспензија од два натпревари на италијанскиот репрезентативец, кој нема да може да настапи против СПАЛ и Киево.
По жолтите картони на дуелот со Калјари суспензии од по еден натпревар обија Галјардини и Жоао Марио, кои нема да му бидат на располагање на тренерот Спалети за домашниот дуел Киево.
Покрај тандемот на „нероаѕурите“, суспензии од по еден меч неиграње заработија и Херто од Верона, Торосидис од Болоња), Будимир од Кротоне и Фарес од Верона. (Крај)
извор: Екипа.мк фото: архива