ноември 8, 2023

Охрид, 8. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден во 2021 година, тогаш новоизбраниот градоначалник д-р Кирил Пецаков, ја презеде функцијата градоначалник на Општина Охрид.

Тој дојде на местото на Константин Георгиески, кој ја предводеше општината во претходните две и пол години.

Д-р Кирил Пецаков е нов градоначалник на Охрид, денес ја презеде функцијата од Георгиески

Пецаков во првата изјава по стапување на должноста, истакна дека гарантира дека од првиот ден ќе работи посветено за она што треба да претставува решавање на секој проблем, за потребите на охриѓани и Охрид како град.

– Ќе работиме посветено, чесно, одговорно за кога ќе заврши мандатот да имаме чист образ и да побараме уште еден мандат од охриѓани. Приоритет ќе биде решавање на сите горливи проблеми за што во текот на кампањата говоревме, но и сé она што граѓаните односно месните заедниции ќе ги истакнат како работа што треба да се реши. Следи период во кој ќе воведеме темпо на работа. Охрид мора да „фати“ нов тек и да докажеме дека заслужува вистински да биде на пиедесталот, потенцираше тогаш Пецаков.На 31-ви октомври оваа година, на денот кога се навршија 730 дена или полни две години од прогласувањето на победата на изборите на Пецаков, OhridPress излезе со опширен коментар за работата на Пецаков на половината од мандатот преку осврт на повеќе теми кои го одбележаа овој период, меѓу кои и за:

– Булеварот „Македонски просветители“ – една од најголемите забелешки на охриѓани…

– Катните гаражи и понатаму остануваат еден од најскапите зборови во Охрид…

– Периодов наназад опозицијата пропушти бројни пенали и можности да шутираат на празен гол. Ако вака продолжат, уште долго нема да имаат противотров за „отровот“ наречен „Пецаков“…

Комплетниот коментар ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука