март 2, 2015

Охрид, 2. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Од Управата за јавни приходи ги потсетуваат граѓаните да го запазат рокот за поднесување на Годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи.

На две седмици пред истекот на крајниот рок (15 март 2015), поголем број граѓани веќе ја исполниле обврската за поднесување на Годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи. Помал е бројот на оние кои ја искористиле можноста за пријавување на приходите преку електронските даночни сервиси.

Во наредниот период се очекува да има зголемен број на поднесување на пријави.

– Апелираме да не се чекаат последните денови пред истекот на крајниот рок со цел избегнување на метежи во даночните канцеларии, велат од УЈП. (Крај)

извор: УЈП фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука