Дебрца/Вевчани, 22. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Дебрца и Вевчани се меѓу 58-те општини во кои Владата ќе продава градежно земјиште по цена од 70 денари за метар квадратен.
Со Уредба на Владата, до 23 пати се намалува цената за отуѓување на државно земјиште со непосредна спогодба, ако истото се намени за изградба на ученички и студентски домови, домови за престој на стари лица и самци, домови за деца без родители и домови за незгрижени лица.
Министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски изјави дека со оваа мерка ќе се стимулира приватниот сектор, ќе се привлечат нови инвеститори во овие делови на Република Македонија, а тоа би придонело за локален економски раст и порамномерен развој во државата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива