јануари 29, 2015

Охрид/Прилеп, 29. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Утре во Галеријата на НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе бидат изложени дела – графики на охридскиот уметник Димитрие Ристески, и охридската уметничка Ивана Наумоска – Глунаиќ, во рамките на меѓународната графичка ликовна колонија од Македонски Брод.

Делата на охридските уметници ќе се најдат заедно со графики на уште 9 автори, уметници од повеќе градови од републикава, Александар Џинго, Вера Николоска, Милица Алимпиќ –Илиќ, Лулзиме Османи, Билјана Бинчев, Симон Шемов, Селиме Османи, Славко Тренкоски- Лок и Лина Тренкоска.

Ќе бидат изложени вкупно 27 дела.

– Човекот во пештерата ги насликал првите цртежи,најстарите траги на ликовната уметност што некогаш биле создадени, таму била галегијата, ателјето, колонијата каде што ги изразувале своите духовно креативни способности….Така по многу, многу илјадници години во една куќа покрај двориштето на пештерата Пешна, Лок ги собира уметниците на овој современ свет во закрилата на грфичката ликовна колонија каде што кругот на создавање на уметноста сеште живее и не е затворен, вели во рецензијата за изложбата уметникот Александар Џинго.

Димитрие Ристески е уметник од Охрид, кој твори во повеќе медиуми. Член е на Центарот за културен проток АРТерија.

Ивана Наумоска – Глунаиќ е уметник од Охрид, а живее и работи во Скопје и странство. Се занимава со повеќе видови уметност, а посебно филигранот. Своја филгранска постановка имаше на вториот фестивал УФО, кој АРТерија го организираше во Охрид во 2013 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука