Охрид, 2. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на посетата на Охрид, делегацијата на општина Чајетина од Република Србија, предводена од заменик претседателот Арсен Ѓуриќ, имаше средба со секретарот на општина Охрид Игор Бежоски.
На средбата се разговараше за воспоставување на меѓусебна соработка, особено во туристичкиот сектор.
Претставниците на општина Чајетина, претходно во хотелот „Нова Ривиера“ во Охрид и амбасадата на Република Србија во Република Македонија во Скопје имаа презентација на нивните бизнис и туристички потенцијали. (Крај)
извор/ фото: ohrid.gov.mk