февруари 12, 2015

Струга, 12. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Од ЕВН Македонија информираат дека денеска ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија во дел од струшкото село Велешта, како и во Меѓународниот универзитет во Струга и во објектите околу него.

Прекинот во дел од селото Велешта ќе започне во 12:00 часот и ќе трае до 17:00 часот. На Меѓународниот универзитет во Струга и во неговата околина ќе нема струја до пладне.

Од команијата информираат дека прекинот е заради реализација на инвестициски зафати за подобрување на квалитетот на снабдувањето со електрична енергија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука