март 5, 2015

Индијан Велс, 5. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Организаторите на првиот мастерс во сезоната Индијан Велс,упатиле специјална покана до поранешниот освојувач на US Open , Хуан Мартин дел Потро за учество на турнирот.

Аргентинецот на почетокот од годинава го оперираше зглобот на раката и се очекува да биде подготвен за турнирот во САД на тврда подлога.Поради долгото отсуство од терените Дел Потро се наоѓа на 614. место на АТП листата, а најдобриот успех на Индијан Велс го имаше пред две години, кога стигна до финалето.

Организаторите на турнирот во Индијан Велс покрај на Дел Потро, специјални покани им доделиле и на Кудла, Харисон,Смичек,Крајичек и Гибс.(Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука