Охрид, 24. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Од ЈП „Билјанини Извори“ ја информираат јавноста дека по повод големиот христијански празник Велигден, денеска, недела, 24-ти април 2022 година, користењето на услугите на јавниот градски простор со кој стопанисуваат ќе биде бесплатно за сите граѓани.
– Им посакуваме на сите граѓани на Охрид, Република Македонија и на сите наши иселеници од православна вероисповед добро здравје, успех во работата и благосостојба. Нека ни е честит големиот христијански празник! Христос Воскресе! – порачаа од ЈП „Билјанини Извори“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес