мај 31, 2023

Охрид, 31. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во ОСУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид, денеска, 31-ви мај 2023 година, ќе се одржи отворен ден, на кој не идните средношколци ќе им бидат презентирани условите и предностите за упис во оваа образовна институција.

– Повелете на отворениот ден во просториите на Гимназијата да се запознаете со сите активности кои ќе ви бидат презентирани. Драги основци ве очекуваме за пријатна дружба, порачуваат од ОСУ „Св. Климент Охридски“.

Во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид отворен ден ќе се одржи утре, четврток, 1. јуни 2023 година. Од училиштето потенцираат дека во периодот од 10:00 до 16:00 часот, на отворениот ден, покрај просторните услови и кабинети по струки и профили, ќе се презентираат и компаниите партнери во дуално образование.

– Ќе бидат презентирани сите струки и профили за кои се реализира наставата како и критериумите за упис во прва година. Со нетрпение ја очекуваме вашата посета, додаваат од ОЕМУЦ Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука