Охрид, 19. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – По летната пауза, денеска продолжија градежните активности на улицата „Македонски Просветители“, во центарот на градот, кои беа ставени во мирување.
– За време на градежните активности на потегот ќе важи времен сообраќаен режим. Улицата „Македонски Просветители“ се затвора за сообраќај на потегот од крстосницата со булевар „Туристичка“ до крстосница со улицата „Димитар Влахов“, а сообраќајот се пренасочува по околната улична мрежа, при што истиот ќе се одвива согласно време поставената сообраќајна сигнализација, информираат од Општина Охрид.
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес