август 25, 2017

Струга, 25. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – На прес конференција што ќе се одржи во 13:30 часот во хотелот „Дрим“ во Струга, ќе биде прогласен добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2017 година.

Кога сме кај програмата на овогодинашните 56-ти Струшки вечери на поезијата за денеска е предвидено „Поетско кафе“ на кое ќе бидат бидат претставени поетските фестивали, нивниот концепт и структура. Потоа ќе следуваат портрети на неколку поети и читање на современа македонска поезија. Од 20:30 часот, како дел од проектот „Поезија на пат“ настани ќе има во Куќата на Уранија во Охрид и во Центарот за култура во Битола.

Програмата предвидена за денес ќе биде заокружена на полноќ, со музичко – поетскиот перформанс „Ноќ без интерпункција“, на алтернативната сцена кај „Галеб“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука