Деновиве дел од летовите на скопскиот аеродром се пренасочија на охридскиот

Скопје/Охрид, 4. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поради густата магла вчера беше отежнато работењето на скопскиот аеродром.

Дел од летовите беа откажани, а дел пренасочени на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид и во соседните земји.

Откажан беше летот за Виена и Истанбул. Авионите пак од таму за до скопскиот аеродром се вратија назад. Летот од Загреб беше пренасочен во Приштина, а авионот од Базел слета во Охрид.

Скопскиот аеродром поради магла речиси секоја година во зимскиот период има проблеми во работењето. Денес е нормализирана состојбата на аеродромот „Александар Велики“, велат во дописот од ТАВ Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

scroll to top