јануари 24, 2015

Охрид, 20. јануари 2015 (ИНПРЕС) – Охриѓани денеска го одбележуваат големиот православен празник Свети Јован-Крстител. Овој ден се нарекува и уште ден на рибарите.

Се очекува попладне во 14:00 часот голем број капачи да скокаат со бурињата вино што ќе бидат фрлени во водите на Охридското Езеро.

На малиот плоштад кај Долна Порта ќе се прави традиционалната рибина чорба која бесплатно ќе се дели на посетителите. Традицијата налага, ова јадење откако ќе се подготви, да биде благословено од свештено лице,а потоа да се подели меѓу насобраниот народ. Количеството чорба што ќе остане се разделува во болничките установи и во другите институции.

Охридскиот специјалитет се подготвува во казанот кој се носи специјално за овој ден во Охрид од штипското село Сарчиево. Жителите од ова село во 2010 година го соборија гинисовниот рекорд за најголемо количство варен грав токму во овој котел.

На градскиот плоштад „Свети Климент Охридски” во текот на целиот ден ќе биде поставена изложбата на риболовен алат и  стари  фотографии  со мотиви од Охрид.

Со овие настани завршуваат петдневните чествувања на православниот христијански празник „Богојавление-Водици“ кој во Охрид се одбележува најмасовно. (Крај)

извор: Супер радио фото: Супер радио

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука