април 26, 2017

Охрид, 26. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – За жал живееме во време и земја во која ги лекуваме децата со СМС пораки, а групи луѓе самоиницијативно прават акции и креваат глас за заштита и чистење на нашите најголеми богатства – Охридското Езеро и убавините на пошироката негова околина, наместо тоа да го прават оние кои сме ги одбрале, и во краен случај ги плаќаме за да го прават тоа.

Како доказ за ова е и состојбата во која се наоѓа реонот на планината Галичица, на само неколку стотини мести од патот кон Велестово, над „Паднатите борци“ и во непосредна близина на управната зграда на НП „Галичица“.

– Би сакал да ве известам за дивата депонија која што се наоѓа во непосредна близина на управната зграда на НП „Галичица“, која што според мене не е само депонија туку е и еколошка катастрофа. Расфрлан градежен шут, стакло, хигиенски средства, презервативи, облека, пластична амбалажа, кеси, телевизори, покуќнина, мртви животни и што ли уште не. Во прилог ви праќам слики и локација како доказ за да се слушне за овај проблем кој не засега сите нас. Да потсетам, Охрид и езерото се под заштита на УНЕСКО како светско културно и природно богатство, пишува револтиран читател на OhridPress, кој испрати и бројни фотографии кои само ја потврдуваат нашата колективна негрижа.

lokacijadeponijaлокацијата на депонијата (Google maps)

Погледнете дел од нашиот заеднички срам – и а оние кои го фрлиле тука ѓубрето, и на оние кои ништо не прават за да го исчистат.

galicicadeponija2 galicicadeponija3 galicicadeponija4 galicicadeponija5 galicicadeponija6 galicicadeponija7извор: ОхридПрес/Мишко Ѓоршески фото: Мишко Ѓоршески

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука