јануари 16, 2017

Скопје/Охрид, 16. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Децата од предучилишна возраст ќе примаат една вакцина помалку.

Во календарот за имунизација на населението во 2017 година исфрлена е една ревакцина ДТП (дифтерија, тетанус, пертусис) која децата досега ја примаа на 4 години.

Со промената во календарот, децата кои се вакцинираат по стариот систем (со едновалентни и тровалентни вакцини) и кои ревакцината ДТП досега ја примаа со наполнети 4 години, сега истата ќе ја примаат само на 7 години.

Промените се поради најновите препораки на Светската здравствена организација според кои ревакцината ДТП се препорачува да се прима на поголема возраст и дека ревакцинирање со наполнети 4 години е рано. Промената е внесена во програмата за задолжителна имунизација на населението за 2017 година. (Крај)

извор: Факултети.мк фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука