јануари 14, 2017

Лондон, 14. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Англиските медиуми пренесуваат дека менаџерот на Челзи Антонио Конте го исфрлил од тимот Диего Коста пред гостувањето на лидерот во Премиерлигата кај актуелниот шампион Лестер.

Натурализираниот шпанец кој сезонава е најдобриот стрелец на Челзи имал конфликт со помошникот на Конте, Хулио Тусо.Според BBC тој се пожалил на болки во долниот дел на грбот на што не поверувал лекарскиот тим на клубот.

Оваа информација се појави веднаш по веста која ја пренесоа сите англиски медиуми дека Коста добил понуда од еден кинески клуб, кој му гарантира годишна плата од 30 милиони евра.(Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука