јануари 31, 2015

Лондон,31. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалската асоцијација на Англија , го суспендира на три меча Бразилецот Диего Коста поради неспортското и дивјачко однесување на реваншот од полуфиналниот меч Челзи-Ливерпул.

На тој натпревар Коста намерно го згазна играчот на Ливерпул Емре Џан иако кај судиите го негираше тоа.

Поради казната Коста ќе го пропушти денешното дерби со Манчестер Сити, но и натпреварите против Астон Вила и Евертон.(Крај)

извор: Спорт ТА фото:Скај Спортс

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука