февруари 5, 2015

Мадрид, 05. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Зборот диета обично значи привремена промена во исхраната, при што се намалуваат калориите.

Нутриционистот Карлос Риос открил дека пациентите се загрижени, бидејќи не можат да се ограничуваат и затоа не слабеат.

Според него ваков потфат е осуден на неуспех.

Тој вели дека луѓето треба да се фокусираат на три работи:

Да научат да се хранат

Никој не сака да јаде помалку, а подобро. Треба да знаеме како она што го јадеме се одразува на нашето тело и да избираме храна која е избалансирана.

Програма за вежбање

Вежбите се многу корисни за здравјето, како физичките, така и менталните. Исто така е важно да ги правиме правилно. Не сите луѓе имаат потреба од ист тип вежби. За постигнување на оптимален резултат физичката активност треба да се сообразува со можностите и желбите на секој човек.

Одржување на позитивен став

Мотивацијата е суштинска за започнување на каков и да е предлог, а уште повеќе ако се однесува за нашиот начин на живот. Средината, луѓето кои ја сочинуваат, како и разумните и реални очекувања се во основата на секоја промена.

Не е важно броењето на калории, туку да знаеме како да ја избираме храната во согласност со потребата од енергија. (Крај)

извор: ОхридПрес/БГНЕС фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука