октомври 23, 2014

Скопје, 23. октомври 2014 (ИНПРЕС) – ДНК – Панчо и Андреј на македонската публика и порачуваат – „Како да живеам без тебе кога немам никој друг друг?  Ако те изгубам и тебе, немам Север, немам Југ.

Ова се дел од стиховите во нивниот најнов сингл „Север и Југ”, кој е дело на долгогодишниот продуцент и соработник на групата, Лазар Цветкоски, кој заедно со Панчо ја напиша музиката за песната. Како текстописец се јавува Панчо, додека аранжманот е дело на Цветкоски.

– Мастерот за „Север и Југ” е правен во Metropolis Mastering Studios во Лондон. Од денес во македонскиот етер е пуштен и спотот за „Север и Југ”. Станува збор за приказна која е снимена на две екстремно различни места – горе, на височините на Козјак и долу, на асфалтот во центарот на Скопје. Спотот го изработи Томато Продукција, а во него за првпат на екран се појавува Кристина Максимоска, модел на Мак Моделс, информираат од тимот на ДНК. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука