јуни 3, 2021

Охрид, 3. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во популарната Facebook група „Охрид кој веќе го нема“ неодамна е објавена прекрасна фотографија од плажите пред хотелите „Славија“ и „Орце Николов“ во Охрид.

– Во време кога се одлучува судбината на модерните охридски плажи, добро е да се види како песочните плажи пред овие два, некогаш многу популарни хотели, се средени, со кабини за пресоблекување, без шанкови и пластични лежалки до водата, слободни и достапни за секого, потенцира администраторот на групата во објавата. (Крај)

извор: Milco Georgievski/Facebook група „Охрид кој веќе го нема“ фото: Milco Georgievski

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука