мај 26, 2021

Лос Анџелес, 26. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Куќата во која во 1990-тите живееле Курт Кобејн и Кортни Лав, се продава за 998.000 долари.

Двокатното здание се наоѓа во Холивуд и не е реновирано откако ја користел овој славен пар, пишува „Пипл“. Зградата е изградена 1921 година и содржи три бањи и три големи спални соби. Поради големите прозорци секогаш има доволно светлина во куќата.

Kurt Cobain's Former Home for Sale

Во соседството пак, има бројни други познати личности, како Дејвид Коперфилд, Тим Бартон и Тимоти Хатон. Кобејн и Лав се преселија во куќата во 1992 и тука се роди нивната ќерка Френсис Бин.

Судејќи според документарецот „Тежок удар“ („Hit So Hard“, 2011), Кобејн во оваа куќа го напишал најголемиот дел од албумот „In Utero“. Семејството се преселило во Сиетл на почетокот од 1994 година, каде што пејачот на „Нирвана“ изврши самоубиство на 27-годишна возраст.

Треба да се истакне дека на куќата во Лос Анџелес ѝ треба реновирање „од корен“. (Крај)

извор: Плус инфо фото: People.com

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука