февруари 6, 2015

Скопје, 06. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Од линии за донација, досега се собрани 2.950.000 денари, а на жиро сметката на Фондот за солидарност се собрани 150.000 денари.

Четиристотини семејства од поплавените региони на Струмица, Чешиново-Облешево, Штип, Кочани, Битола, Прилеп и Куманово се обезбедени со 225 пакети храна, 1.229 пакети со хигиенски производи, 1.000 ќебиња, 145 тони вода, 80 душеци и 125 литри средства за дезинфекција, соопштија денеска од Црвениот крст.

Од националните друштва на Црвениот крст, досега е понудена помош од Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора и Србија.

Од Црвениот крст на Македонија информираат дека македонските компании, граѓани и здуженија масовно се приклучени кон акциите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука