ноември 24, 2021

Скопје, 24. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во периодот од 15-ти до 21-ви ноември во Република Македонија регистрирани се 49 граѓани кои по втор пат се заразиле од COVID-19, а вкупната бројка на заразени по втор пат се искачи на 870 граѓани.

Според податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) изминатата недела регистрирани сe 2.929 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со намалување од 8,9% во однос на неделата претходно. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи.Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години.

Со статус „оздравени“ се стекнале 2.855 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување. Пријавени се 91 смртен случај во 21 град во текот на изминатата недела, во однос на 87 смртни завршетоци во 23 градови во претходната недела.

Моментално се хоспитализирани 495 лица, а од нив 330 се на кислородна поддршка и 14 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука