јануари 4, 2017

Охрид, 4. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – До крајот на месецов земјоделците треба да поднесат барање за паушално оданочување, доколку приходот не надминува 1,3 милиони денари.

Парите од субвенциите не влегуваат во оваа сума. Земјоделците кои во 2016-та година заработиле до 5 илјади евра целосно се ослободени од плаќањето данок на доход. За заработени повеќе од 21 илјада евра даночното олеснување е 80 проценти од остварениот приход.

Доколку земјоделската дејност е дополнително занимање, исто така се плаќа 80 проценти помал данок. Со паушалната наплата, според Управата за јавни приходи, на фармерите им се олеснува работата и не мора да водат деловни книги. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука