април 27, 2017

Охрид/Струга, 27. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Утре е последниот рок за пријавување за сите заинтересирани граѓани кои сакаат да бидат дел од обуките за граѓанско новинарство.

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ги поканува сите заинтересирани да се пријавуваат на електронската пошта: fiv@mcms.mk.

За граѓаните од општините Вевчани, Дебарца, Кичево, Охрид и Струга, обуките ќе се одвиваат во Битола, на 4 и 5 мај.

Во текот на обуката учесниците ќе се стекнат со знаења и практични вештини од областа на граѓанското новинарство. Обуката ќе опфати теоретски и практичен дел за пишување на новинарски стории, фото и видео новинарство и етиката во граѓанското новинарство. Социјалните медиуми како канали на комуникација ќе бидат дел од програмата, како и блогирањето како можност за правење општествена промена. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука