До 24-ти декември пријавување по повикот за финансиска поддршка на граѓански организации

Охрид, 20. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – На 24-ти декември истекува рокот за аплицирање на повикот за финансиска поддршка на граѓански организации кои работат во областа на локална демократија, креирање и спроведување јавни политики на локално ниво и соработка со локални самоуправи.

Повикот е наменет за граѓанските организации кои ќе предлижат иновативни проекти за подобрување на соработката помеѓу граѓанските организации и локалните самоуправи. Со таа цел апликантите задолжително треба имаат партнер локална самоуправа или центар за регионален развој.

Пријави може да се доставуваат до недела до 17:00 часот на адресата [email protected].

Повикот е во рамки на проектот „Граѓански организаци во служба на локалната демократија„ кој се спроведува од страна на Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА) – Скопје, Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија и Европското движење. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

scroll to top